Без струја повеќе улици во Скопје, без вода дел од корисниците на една

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 20.08.2025 година (среда), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: Рафаел Батино, Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Стево Филиповиќ и Браќа Галеви (Општина Ѓорче Петров);
- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 2 во с. Зелениково (Општина Зелениково).

Исто така, од РЦУК Скопје по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, известува дека, на ден 20.08.2025 година (среда):

- поради промена на три затворачи на водоводна мрежа, на ул. Никола Парапунов бр. 15 од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица (Општина Карпош).