Без струја повеќе улици од Центар, а еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (четврток) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците Јоаким Крчовски, Алберт Станиќ и Прохор Пчински, дел од корисниците од Старата Чаршија, објектот на хотел Буши, како и дел од корисниците од ул. Самоилова. (општина Центар)

- во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Орце Николов бр.147, објектите на Агенцијата за Стамбен и Деловен Простор, ресторан ДМ, корисниците од ул. Орце Николов на потегот од ул. Рузвелтова до ул. Донбас лоцирани на страната на ресторан ДМ и Пуик, како и објектот на тобакото лоциран на крстосницата со улица Рузвелтова. (општина Центар) 

Без вода ќе останат неколку делови од Скопје. 

Корисниците на дел од улиците Ченто, Маџари, Палмиро Тољати, амбулантата во Сингелиќ и населба Сингелиќ од 9.00 часот нема да имаат вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, прекинот во водоснабдувањето е поради изведување приклучок од Ф-100 мм на улицата „Методија Андонов Ченто“ крак 1/6 во населба Маџари и ќе трае до санирање на дефектот.