Без струја повеќе скопски општини, вода ќе нема во Чаир

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, без електрична енергија ќе останат:

– од 9.45 до 14 часот објектот на „Асиба“, Архивот на РМ и околните објекти (општина Карпош),

– од 9.35 до 13.30 часот дел од објектите во Градскиот парк (општина Карпош),

– од 9.30 до 11.30 часот корисниците од улицата Герника бр. 6, 8 и 10 (општина Кисела Вода), – од 10 до 14 часот корисниците на дел од с. Ласкарци (општина Сарај),

– од 8.30 до 11.30 часот корисниците на дел од улицвта Франц Харкорт Манинг, дел од улицата 14 Декември, ОУ „Круме Кепески“, дел од улицата Георги Димитров (кај „Тенекс“) (општина Кисела Вода).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска (четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето и тоа:

- на ул.Дижонска 23 ќе се изведува водоводен приклучок од Ф-150мм, без  водоснабдување од 09:00 часот до завршување на водоводниот приклучок, ќе останат корисниците на дел од улиците: Дижонска и Коста Абрашевиќ, како и Ј.З.У.Мајка Tереза (по старо гинекологија Чаир).  (општина Чаир)