Без струја и вода денеска голем број улици во Скопје

ЕВН Македонија АД известува за прекини во електроснабдувањето за денеска.

Имено, денеска, без електрична енергија ќе останат:

 

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 16.11.2022 година (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.15 до 15.00 часот, корисниците од улица Тодор Чангов бр.17 (општина Аеродром)

- во периодот од 09.30 до 14.30 часот, корисниците од дел од улиците Стрезово и Миле Поп Јорданов (општина Карпош)

- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улица Леринска (општина Карпош)

- во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Никола Русински згради бр 6, 8, и 10 и супермаркет Тинекс на улица Никола Русински (општина Карпош) 

-Во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од улиците бр. 2, 3, 5, 6 и 7 во Илинден (Општина Илинден)
-Во периодот од 07.00 до 09.00 часот, корисниците од Арс-Комерц (Веса Компани) пумпа пред мост за Арачиново, ЗИК Краварство и С.Брњарци (Општина Арачиново).

Прекин во водоснабдувањето денеска, среда, ќе има и на шест улици во Општина Карпош.

-Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 16.11.2022 година (среда)  поради штопирање на стара водоводна мрежа на ул. Копенхагенска 2 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Копенхагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности (општина Карпош) 

Поради уличен дефект на ул.Рајко Жинзифов бр.51,прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од ул.Рајко Жинзифов од (Румунска Амбасада до ул.Киро Крстевски Платник) и дел од корисниците од ул.Васил Стефановски од 09:00 до завршување на дефектот (Oпштина Центар)