Без струја денеска Карпош, Кисела Вода и Илинден, вода ќе нема во дел од Центар

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиено известување од ЕВН, известуваат за прекини во електричната енергија и водоснабдувањето во текот на денешниот ден (05.10.2022), на повеќе локации низ Скопје.

Без електрична енергија, денеска ќе останат следните корисници:

-Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Мите Богоевски и Гаврил Константиновиќ. (Општина Кисела Вода).

-Во периодот од 09:00 до 12:30 часот, корисниците од ул. 1 во с. Ајватовци. (Општина Илинден)

-Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Букурешка. (Општина Карпош)

Според информациите од ЈП Водовод и канализација - Скопје, пак, без вода ќе останат следните локации:

-Поради отстранување дефект на затворач (шибер) од водоводна мрежа со пречник ф 80 мм, на ул. Периша Савелиќ бб (пред Вила Водно), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Периша Савелиќ. (Општина Центар).