Без струја денеска делови од Карпош, Кисела Вода, Центар и Петровец, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

- Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, ул. Елисие Поповски Марко бр. 2, 4, 6 и бр, 29, 31, 33 и 35 (општина Центар );

- Во периодот од 10.00 до 14.30 часот, дел од ул. Ринхини, ул. Езерци, ул. Петар Чаулев и други околни улици (општина Карпош);

-Во периодот од 10.00 до 11.00 часот, Дел од ул. Дрезденска од бр. 12 до бр. 30 (општина Карпош);

-Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, Дел од улица Малешевска, Драчево (општина Кисела Вода);

-Во периодот од 09.30 до 15.00 часот, Дел од улица 1 и улица 2, Горно Коњаре (општина Петровец);

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (среда) поради дефект на шибер ф 100 мм на ул. Фрањо Клуз бр.14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Фрањо Клуз зграда бр.2 и зграда бр.14. Водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување на работите.