Без струја денеска делови од Карпош и уште една општина

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Петровец.

- Од 09.00 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од комплексот Св. Јован во населба Злокуќани.

- Од 09.00 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од делови од улиците со бр. 1 и бр. 4 во село Ржаничино.