Без струја денеска дел од Кисела Вода, Бутел и три села, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

-  во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од село Побожје (општина Чучер Сандево)

- во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан, Михаил Чаков и дел од бул Борис Трајковски (општина Кисела Вода)

-  во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците с. Горњани (општина Чучер Сандево)

- во периодот од 07.00 до 15.00 часот, објектите на Гипсар, Универзал Комерц и некои објекти во близина кои се напојуваат од ТС Гипсар (општина Бутел)

-  во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Зелениково (м.в.Прелози кај млекарата), (општина Зелениково).  

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска (среда) поради уличен дефект ф-100 мм на ул. Невеска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Невеска, Воденска, дел од Разловечко Востание и дел од Волгоградска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Исто така, поради уличен дефект ф-100 мм на ул. Нерешка 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Нерешка, ул. Теодосие Синаетски и дел од ул. Жданец. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.