Без струја денеска дел од Аеродром и Ѓорче Петров, а еве каде ќе нема вода

 ЕВН Македонија АД известуваат дека планирано исклучување на електрична енергија денекса (27.05.2022 година) ќе имаат корисниците:

-Од 08,00 до 12,00ч. корисниците од објектите од терминал Стенковец до Блаце граничен премин (о.Ѓ. Петров)
-Од 08,00 до 15,00ч. дел од с. Добри Дол (о. Аеродром)
-Од 09,00 до 14,00ч. дел од корисниците од ул. Брегалница (о.Ѓ. Петров)
-Од 09,30 до 13,30ч. дел од корисниците од ул. Демир Трајко (о.Ѓ. Петров)

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денекса поради менување на вентил 3 на крстосницата Трифун Хаџијанев/16-та Македонска Бригада , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Трифун Хаџијанев, Бапчор, Ташко Караџа и Христо Ботев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.