Без струја денеска дел до Карпош, вода ќе нема во една скопска општина

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 10:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците во околината на новата зграда БИСИ на ул. Козле (општина Карпош).

Исто така од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на ул. Партениј Зографски бр 23, денеска од 09:00 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица (општина Центар).