Без струја денеска четири скопски општини, без вода една улица во Аеродром

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:

 • од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул.21 и дел од ул.56 (општина Центар)

 • од 09:30 до 14:30 часот, корисниците од с.Орман и с.Никиштане (општина Ѓорче Петров)

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од место викано Боринарец – Радишани (општина Бутел)

• од 07:25 до 15:30 часот, корисниците од ул.Маџари, ул.22 во Маџари, куќите околу стадионот Борис Трајковски, Пунктот на Водовод и канализација (општина Гази Баба) 

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека утре заради уличен дефект прекинато водоснабдување ќе има дел улица Тодор Чангов од крак 41 до крак 61 во општина Аеродром. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефект.