Без струја денес повеќе делови од три скопски општини

Од РЦУК Скопје известуваат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денес (11.11.2025) без електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини.

- Во периодот од 08.30 до 10.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност во општина Центар.
- Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково.
- Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците лоцирани околу улицата Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев во општина Ѓорче Петров.