
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денес (09.12.2025) без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Студеничани и Сопиште.
- Во периодот од 08.00 до 16.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, с.Елово, с.Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, с.Јаболци, с.Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и с. Нова Брезница.