
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на општина Центар.
Од таму информираат дека во периодот од 10.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од булевар Кочо Рацин бр. 28/1.
Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека поради технички интервенции во ХП Кондово и ХП Медреса, без водоснабдување
ќе останат корисниците на село Кондово.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во период од 09.00 часот до завршување на интервенциите.