Без струја денес делови од три скопски општини

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска (15.01.2026) без електрична енергија ќе останат: делови од три скопски општини.

- Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово (општина Бутел);

- Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир (општина Чаир);

- Во периодот од 09:00 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето (општина Карпош).