Без струја денес делови од пет скопски општини

Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денес (03.11.2025) без електрична енергија ќе останат делови од пет скопски општини.

- Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче, Општина Аеродром.
- Од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Димче Милошевски во Општина Гази Баба.
- Од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улица 1 во село Сопиште, Општина Сопиште.
- Од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Димитар Мирсачев во Општина Кисела Вода.
- Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од објектите во околината на улица Леринска бр. 3. во Општина Карпош.