Без струја денес делови од две скопски општини и скопско

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (12.02.2026) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров.

- од 08:00 - 13:00 часот без електрична енергија ќе остане дел од улица Архитект Сотир Томовски;
- од 09:00 - 11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Гврлево;
- од 09:00 - 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата 101 во населба Волково.