
Од РЦУК Скопје информираат дека од ЕВН Македонија известиле дека денеска (16.01.2026) без електрична енегија ќе останат делови од општините Гази Баба, Илинден и Аеродром.
- Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче.
- Во периодот од 09.30 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун).
- Во периодот од 11.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30.