Без струја денес делови од две скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Ѓорче Петров.

- Во периодот од 06:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на дел од Ленинова околу Холандската Амбасада, дел од улица Коле Неделковски и дел од улица Киро Крстевски- Платник.

- Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.95 во Волково.