
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Центар и општина Кисела Вода.
- Од 08:30 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Тодор Александров – Комплекс Олимписко Село;
- Од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Јустинијан Први од раскрсницата со улица Речиште до пред ресторан Мерита.