Без струја денес делови од четири скопски општини

Од РЦУК известуваат дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека денеска (26.09.2025) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.30 до 12.30 часот, корисниците од селата Катланово и Градманци, како и корисниците од викенд населбите Месна Река и Кочкова Населба (општина Петровец);
- во периодот од 09.00 до 11.30 часот, викендиците лоцирани кон манастирот Свети Илија, како и дел од корисниците од  село Бањани (општина Чучер Сандево);
- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Лука Геров и Андон Кецарков (општина Ѓорче Петров);
- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Смолјани (општина Ѓорче Петров);
- во периодот од 11.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улиците Иван Цанкар и Франце Прешерн (општина Карпош).