
Од ЕВН Македонија АД известуваат дек денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Бутел, Кисела Вода и Карпош.
- Во периодот од 07:55 до 09:55 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците Тале Христов и Костурска;
- Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Мишко Михајловски и Емил Зола;
- Во периодот од 10:05 до 12:05 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улица Боро Меков;
- Во периодот од 13:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Варшавска.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека со прекин во водоснабдувањето денеска ќе бидат дел од корисниците на Карпош
Оттаму информираат дека поради дефект на приклучна цевка на Мексичка 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.