Без струја делови од три скопски општини

ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе бидат делови од три скопски општини:

- “Во период од 09,00ч до 14,00ч корисниците од с. Кондово (горен дел од стара џамија), општина Сарај;

- Од 08,30ч до 15,00ч поголем дел од корисниците на ул. Стоби, ул.Пробиштипска, ул. Мице Козар и дел од ул. Социјалистичка зора, општина Ѓорче Петров и

- Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од с. Пакошево, кон с. Ново Село, општина Зелениково“, се вели во соопштението.