Без струја делови од две скопски општини, без вода делови од Хром

Денеска поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат делови од Ѓорче Петров и Кисела Вода.

- Во период од 05:00 до 07:00 часот без електрична енергија ќе останат улица Беаз Куле, улица Гостиварска и околината;
- Во период од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат ТС Подстаница село Драчево улица Сердарот.

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците на Хром.

Оттаму информираат дека оради изведување на водоводен приклучок ф-200 милиметри на улица Воин Драшкоци бб (за ООУ
„Димитар Поп Георгиев Беровски“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.