Без струја делови на Кисела Вода, Карпош, Центар, Гази Баба и Студеничани

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани технички зафати во електросистемот во градот Скопје поради што без електрична енергија, ќе останат делови на Кисела Вода, Карпош, Центар, Гази Баба и Студеничани.

Во периодот од 08.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Локов; улицата Димо Хаџи Димов; делот од раскрсницата од улицата Народни херои кон Бабин Дол (општина Кисела Вода),

– во периодот од 12.30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Даскал Камче бр. 1 (објектите во близината); улицата Гиго Михајловски бр. 6 (објектите во близината во општина Карпош),

– во периодот од 9 до 11.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Бранислав Нушиќ бр. 4, 11 и 13 (општина Карпош),

– во периодот од 8.30 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Апостол Гусларот до ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ (општина Центар),

– во периодот од 11 до 15.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Антон Велковски кај вкрстувањето со улицата Авдија Авдовиќ, улицата Алија Авдовиќ (општина Гази Баба),

– во периодот од 10 до 12.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на поголем дел од с. Цветово (општина Студеничани) и

– во периодот од 9 до 14 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улицата Девол (општина Карпош).