Без струја делови на Ѓорче Петров, Студеничани, Бутел и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на општините Ѓорче Петров, Студеничани, Бутел и Аеродром.

Без струја во периодот од 9 до 15 часот ќе бидат корисниците од дел од село Волково. (општина Ѓорче Петров), од 9 до 12 часот корисниците напојувани од ТС „Фарма Дрисла“, ТС патот за „Дрисла“, ТС „Депонија Дрисла“, ТС „Роло оков“ (општина Студеничани).

Во периодот од 8 до 15.30 часот струја ќе немаат корисниците од пумпата за вода во Визбегово, булеварот Босна и Херцеговина, поранешна Општина Бутел (општина Бутел) и во периодот од 8 до 14 часот корисниците од дел од улицата Гаврил Радомир во близина на градинката и бр. 3 (општина Аеродром).