Без струја делови на Чаир и Сопиште

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани следните технички зафати во електросистемот на Град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Чаир и Сопиште.

Без струја од 8:10 до 10:30 часот ќе бидат корисниците од ул. Серава, дел од ул. Џон Кенеди, ул. Кемал Сејфула и дел од ул. Кемал Ататурк (општина Чаир) и од 9 до 15 часот корисниците од селата Долно Соње, Говрлево, Чифлик и Света Петка (општина Сопиште).