Без струја делови на Центар, Ѓорче Петров и Карпош

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Центар, Ѓорче Петров и Карпош.

Во периодот од 8.30 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Христо Черноппев бр. 1а, 1б, 2, 2а, 3, 3а, 4, 4а, 5а, 5б, 6 и 6а (општина Центар), од 9 до 11.30 часот корисниците од улицата Македонска преродба од бр. 40 до бр. 50, како и корисниците од улицата Борис Сарафов од бр. 10 до бр. 20 и од бр. 50 до бр. 70 (општина Ѓорче Петров), од 9 до 15 часот корисниците од улицата 102, лоцирани во околината на ОУ „Јоаким Крчовски“ во село Волково (општина Ѓорче Петров), и од 10 до 13 часот корисниците од улицата Љубљанска 1-1 (општина Карпош).