Без струја дел од корисниците во три скопски општини

Од РЦУК Скопје информираа дека од ЕВН Македонија АД добиле е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 29.08.2025 година (петок), без електрична енергија ќе останат:

- од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Јосиф Јосифовски Свештарот (Општина Центар);
- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: 1 , 2, и 3 во с. Долно Лисиче (Општина Аеродром);
- од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 3-та Македонска Бригада, поточно објектите во околината на СУГС Владо Тасевски (Општина Аеродром);
- од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска (Општина Ѓорче Петров).