Без печење: Паша колач

Состојки:

За пудинг

1 литар млеко

2 лажици какао

1,5 филџан  густин

1 мал филџан брашно

1 чаша шеќер

1 ванила шеќер

50 гр маргарин

За белиот дел

1 чаша млеко

1 шлаг крем за колачи

Кокос

Подготовка:

Загрејте 1 литар млеко за потоа со мешање додадете ги какаото, брашното, густинот и шеќерот.  Кога ќе се свари пудингот тргнете го од оган и додадете го ванила шеќерот и маргаринот. Мешајте додека маргаринот не се стопи.

Тавчето посипете го со кокос, што повеќе тоа подобро, да не се гледа дното на тавчето и потоа прелијте со пудингот. Оставете да се олади 30 минути во ладилник.

Шлаг кремот изматете го и кога колачот ќе го извадите од ладилник премачкајте го со кремот. Повторно вратете го тавчето  во ладилник на еден час. Сечете на правоаголници и со нож полека ролајте. Наздравје.