Без овие вештини детето нема да има успех во работата и животот!

Подгответе ги децата за иднината. Времињата драстично се сменети од времето кога вие одевте во училиште и се подготвувавте за идната професија. Работите денес бараат сосема поинакви вештини.

Според ЛинкдИн, најбараните работни вештини за 2016 година генерално биле во врска со техничкото знаење. Некои од нив се анализа на податоци и презентација, веб архитектура и развој на програми, но се бараат и вештини како водство и менаџмент, преговори, човечки ресурси, маркетинг експертизи и слично. Сепак, некои предвидување велат дека до 2020 година вештините кои ќе се бараат од работниците ќе бидат поинакви.

Ова се само дел од нив:

Пронаоѓање смисла – Вештина со која би биле во можност да откриеме и дефинираме подлабоко значење и важност од оние кои се изразени.

Општествена интелигенција – Способноста за поврзување со другите на длабок и директен начин за да можеме да стимулираме реакција и да воспоставиме посакуван однос со соработниците.
Иновација и прилагодливо размислување – Усовршување на размислувањето и пронаоѓањето решенија надвор од рамките на ограничените правила.
Меѓукултурни вештини – можност да се работи во различни културолошки опкружувања.
Компјутерско размислување – Можност за преземање огромен број податоци во апстрактен концепт и разбирање на основа на базата на податоци.
Медиумска писменост – Способност за критичка процена и развој на содржини во форма на нови медиуми, како и користење на овие медиуми за комуникација и убедување.
Трансдисциплинарност – Писменост и способност за разбирање на концепти во различни дисциплини.
Дизајнерски менталитет – Вештина на претставување и развој на задачи и процесот на работа е насочен кон остварување на посакуваниот резултат.
Менаџмент на когнитивниот товар – Способност на филтрирање и отфрлање неважни информации и умешноста да се подобрат когнитивните функции поради ефикасност.ѐ

Виртиуелна соработка – Способност за продуктивна работа и вклучување, како и чувство на припадност во виртуелниот тим.

Можеби ќе се изненадите од фактот дека во иднина повеќе ќе се ценат вештините кои сме почнале да ги учиме уште од градинка. Тоа се вештини како споделување, комуникација и преговарање со другите. Модерно работно место, каде луѓето ќе се движат помеѓу различни улоги и проекти, според концептот навистина потсетува на градинка и училиште, каде учиме да развиваме социјални вештини како емпатија и соработка.

Новите генерации веќе се донекаде прилагодени на промените на пазарот на труд. Можеби образовниот систем се уште не е доволно модернизиран и унапреден, но развојот на интернетот и достапноста на информациите се посебни учители за придобивање нови вештини и поглед кон светот. Се повеќе млади знаат точно што им треба за да влезат на пазарот на труд.