Без оглед на сѐ, секогаш правете добрини, бидете искрени, чесни и сакајте ги луѓето

Луѓето често се неразумни и мислат само на себе. Сепак, сакај ги. 

Ако си добар, можеби ќе те обвинат дека имаш скриени мотиви. Сепак, биди добар.

Ако си успешен, ќе се појават многу лажни пријатели и вистински непријатели. Сепак, биди успешен. 

Доброто кое го правиш денес, утре ќе биде заборавено. Сепак, прави добро. 

Искреноста и чесноста те прават ранлив. Сепак, биди искрен и чесен.

Луѓето со најголемите идеи можат да бидат убиени од луѓе со најмали умови. Сепак, негувај големи идеи. 

Луѓето сочувствуваат со губитниците, но го следат само победникот. Сепак, бори се и за губитниците. 

Она што со години го градиш, може да биде срушено за миг. Сепак, гради. 

На луѓето можеби навистина им е потребна помош, но ќе те нападнат ако им помогнеш. Сепак, помагај им. 

Ако на светот му го понудиш најдоброто од себе, можеби тоа никогаш нема да биде доволно добро. Но, сепак давај го најдоброто од себе.

~ Кент М. Кит