Без изненадување: И денешните дојави за бомби во училиштата и НБРСМ се лажни

Лажни се и денешните дојави за бомби во деветте училишта и Народната банка на Република Северна Македонија. 

Веднаш по пријавите, полицијата ги евакуираше објектите, а како и претходно беа направени соодветните антитерористички проверки.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски уште еднаш потврди дека се работи за хибридни закани.

-Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа што тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, посебно да земеме предвид дека НБ е 24 обезбедена - изјави Спасовски.

Инаку, на 05.12.2022, кривична пријава доби малолетник од Скопје, поради испраќање на една од лажните дојави до училиштата во Скопје. Вакви дојави се случија повеќе пати во изминатиот период, и за сите нив, надлежните потврдуваа дека се лажни.