Без исплата на долгот нема да возат, приватните превозници со ултиматум до ЈСП

Повторно скопјани се соочуваат со проблеми кога станува збор за јавниот превоз. Како што пишува „Плусинфо“ дел од приватните превозници нема да возат поради долг што го има ЈСП кон нив. Тие уште посочуваат дека нема да се вратат на улица се додека не им биде исплатено се што им се должи.

Според нивните кажувања, ЈСП им нема платено од јуни месец при што се доведени во тешка финансиска состојба. Советот на Град Скопје пред неколку дена изгласа зголемување на исплатата по километар да биде 20 денари, пари наменети за приватните првозници но според нив тоа не им го решава проблемот. Тие очекуваат целосно исплаќање на долговите.

„Зголемувањето на исплатата по километар е добредојдено, но тоа не ги решава нашите главни проблеми. Без исплата на долговите, не можеме да работиме, бидејќи и ние имаме обврски кон нашите добавувачи,“ изјавија претставници на приватните превозници по усвојувањето на новата тарифа.