
Гимназиски професори по философија, логика и етика остро реагираат против новата Концепција за гимназиско образование со која се дебатира за отстранување на овие предмети од образовниот систем.
Тие предупредуваат дека предложените промени ќе имаат сериозни негативни импликации врз учениците, професорите, образовниот процес и државата во целост.
И стручната јавност со препорака до МОН да си ја преиспитаат одлуката!
- Без изучување на философија, логика и етика ќе оставиме простор за паранаука, квази религија, верски фанатизам, фашизам и секаков вид на дискриминација!!! Па укинете го воспитно-бразовниот систем, нека „учат" децата од интернет и од улица! - реагора професорката по макеоднски јазик Татјана Алексиќ.
- Поддршка за професорите по филозофија, етика и логика! Зошто? Овие предмети потребни им се на младите од причини што 1. етичките вредности се сведени на минимум, 2. логичкото размислување е исфрлено од нивните глави од одредени содржини на интернет и 3. филозофијата е основа за разбирање на различните гледања и практикувања на животот... - вели друг професор.
- Без филозофија, етика и логика ќе создаваме роботи!, вели познатата проефсорка, прихолог Ана Чучкова.
- Философија на уметноста со мојот и особено почитуван професор Денко Скаловски - едно од најсилните сеќавања од факултетските денови. За мене, но и за многу други мои врсници, токму тие предавања отворија нови, храбри и креативни хоризонти кои ги будат пеперутките во стомакот во потрагата по вистината за животот, сподели професорката по пијано Дуња Иванова.
Философијата не е само таа нужна потреба да се нурка во мудростите и бескрајната длабочина на книгите, туку и стоички да се пристапи кон сите предизвици во животот.
Анализите покажуваат дека во сите eвропски земји се инсистира на философско образование. Со отстранувањето на философијата во македонското образование, не само што се отсекуваме од основите на европската цивилизација и мисла, туку стануваме периферија која самостојно избрала да се апстрахира и од современите текови. Да не дозволиме да создадеме генерации кои, Хераклитовски, иако присутни во светов, ќе изгледаат како да се отсутни, кои иако будни ќе изгледа како да спијат, се наведува во реакцијата од групата професори кои упатија апел да се преиспита предложената Концепција за средното обраозвание.