
Обновата на култниот и препознатлив споменик „Македониум“ отвори нов бран полемики на социјалните мрежи. Дел од граѓаните сметаат дека критиките доаѓаат предоцна, посочувајќи дека со години никој не реагирал на неговото одржување, по што неговата сосотојба била очајна слика за секој посетител.
Еден од нив е и новинарот и активист Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит, кој овие реакции и политички препукувања ги оцени како „трагикомедија во еден чин“.
Ова е неговата објава на фејсбук во цеслост:
- 10 години на пропаѓање - онака. Тивко. Од малкумина забележани. Најнакрај и фала Богу земале надлежните нешто да прават, почнаа да скокаат сите удавени во влагата на гробот на Никола Карев. Сите станаа експерти, естети и моментално воспалена раја. Не требало вака, не требало онака, не чинело ова, не чинело она… Игнорирајќи го голиот факт дека после многугодишно запустување, некој почнал да го средува Македониумот. Само за да истакнат колку се вешти во ширењето мувла, но не додека истата го гушкаше покоен Карев, туку откако некој земал да ја чисти.
Трагикомедија во еден чин.