Бесплатно собирање електронски и електричен отпад во Општина Карпош

Општина Карпош е првата локална самоуправа која се придружи кон акцијата за собирање на електронски и електричен отпад.

Секое домаќинство, со јавување на телефонскиот број 070 – 236 – 000 може да пријави ваков отпад, при што истиот директно и бесплатно ќе биде собран од нивните домови.

„На овој начин ќе спречиме да се создаваат нови диви депонии со габаритен отпад, кои потоа се пали и дополнително придонесува за загадување на амбиенталниот воздух. Апелираме до сите граѓани, да ги пријавуваат своите неупотребливи или стари апарати за домаќинство и истите правилно да бидат собрани, преработени и рециклирани, а не да завршат покрај контејнерите“, рече градоначалникот Стефан Богоев.