Бесплатно скијање за учениците, денес и утре во Маврово

Сите ученици од основно и средно образование кои не можат да се вратат во училишните клупи поради загадувањето ќе можат бесплатно да скијаат денес и утре во Маврово.

Ски Центарот преку фејсбук ги покани учениците на бесплатно скијање.

Зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта ќе продолжи и наредните два дена. Второто полугодие почнува в среда на 23 јануари.