Бесплатно паркирање на паркиралиштата на ЈП ПОЦ за новогодишните празници

По повод претстојните новогодишни празници ПОЦ ве известува дека на  31.12.2018 година (понеделник) отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот,  затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите  за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 01.01. (вторник) и на 02.01.2019 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Р.М.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2019 година  (четврток) со вообичаено работно време.Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува убави новогодишни празници.