„Бесплатно образование“: Што сѐ купуваат родителите за на училиште?

Во нашето бесплатно образование родителите сè уште сами ги купуваат овие производи, иако општините се тие што треба да им ги обезбедат. Некаде родителите сами гледаат што им недостига на децата, па немаат друг избор освен да купат, а некогаш и самите наставници им кажуваат што треба да обезбедат.

-Дечињава од прво и второ одделение сакаат да одат во сала на час по физичко, но немаат никакви реквизити. Им предложив на родителите да собереме пари за да им купиме топки и плус некој реквизит за да си го одржуваат часот наместо да седат во училница, вели една родителка.

Порано се знаеше книги купувавме на старо, а пари за хартии и хигиенски сердства воопшто не се собирале. Лани, во некои скопски училишта се купуваа телевизори, ДВД, ролетни....Сите овие работи стојат зад слоганот „за доброто на вашите деца“.

-Сметам дека училиштата треба да си го решат овој проблем. Ние родителите не сме должни постојано самоиницијативно да собираме пари за нешто. Она што најмногу ме зачудува е што одредена група на родители како одвај да чекаат да го отворат ќесето и да истресат пари за доброто на дечињата. И доколку се побуниш дека не е во ред, дека немаме должност и обврски да купуваме такви работи за училиштето, те гледаат со лутина, вели една скопјанка мајка на третодделенец.

Од Министерството за образование и наука велат дека  тие додатоци треба да ги обезбеди  локалната самоуправа, тие не треба да ја заборават грижата за училиштата.