Бесплатно изнајмување велосипеди и во Аеродром

Од денеска граѓаните можат бесплатно да изнајмат велосипед од Општина Аеродром во периодот од 8 до 16 часот секој работен ден.

За таа цел, општината става на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата. 

„Со бесплатното изнајмување велосипеди за граѓаните, како и со повеќегодишното субвенционирање за набавка на велосипеди, сакаме да поттикнеме здрави навики кај нашите жители и да ја заштитиме животната средина“, изјави градоначалникот Златко Марин.