Бесплатни стоматолошки услуги за ученици од ранливи категории во општина Центар

Општина Центар овозможува бесплатни стоматолошки услуги за децата од прво до девето одделение од социјално ранливите категории од сите основни училишта во општината, во висина од 50 000 денари. 

- Благодарение на соработката со Стоматолошкиот факултет и децата од градинките и раните одделенија од основните училишта преку предавања и практични вежби ќе се запознаат со правилното миење на забите, одржувањето на оралното здравје и неговата важност - напиша градоначалникот Герасимовски. 

Оралното здравје е многу повеќе од убава насмевка - ова е пораката на средбата помеѓу претставници на општината и од Стоматолошкиот факултет, меѓу кои и д-р Елизабета Ѓоргиевска.