Бесплатна забава! Гоца Тржан утревечер со голем концерт во Дојран

Градскиот парк во Стар Дојран утре, 29 август, ќе биде во знакот на музиката и добрата забава, каде балканската музичка ѕвезда Гоца Тржан ќе одржи голем концерт под отворено небо.

Концертот започнува во 20:30 часот, а посетителите ги очекува вечер исполнета со познати хитови, енергија и одлична атмосфера покрај Дојранското Езеро. За сите посетители влезот е бесплатен.

Настапот на Гоца Тржан е воедно и големото финале на овогодишното „Дојранско културно лето“, со кое градот ќе го испрати летото со музика и забава.

Организаторите ги повикуваат граѓаните и гостите на Дојран да бидат дел од завршната летна музичка вечер. Дојран го испраќа летото со песна, танц и голем музички спектакл!