Бесплатна психолошка поддршка за средношколци во Скопје – почнува нов проект за ментално здравје

Во Скопје започнува нов проект за бесплатна психолошка поддршка на средношколци на возраст од 15 до 19 години, со цел да им се обезбеди стручна помош, емоционална поддршка и безбеден простор за разговор.

Проектот ќе се реализира преку две клучни активности. Првата опфаќа бесплатно индивидуално психолошко советување, наменето за разговор, разбирање и стручна поддршка на младите. Советувањата ќе се одржуваат на три локации – Козле, Аеродром и Центар.

Втората активност се едукативни работилници наменети за стручен кадар и родители од 23 средни училишта, со фокус на превенција од насилство, справување со зависности и унапредување на менталното здравје кај младите.

„Ниту едно дете, ниту еден млад човек не смее да се чувствува сам, заборавен или оставен без поддршка. Младите заслужуваат внимание, разбирање и систем што навреме ќе ги препознае нивните потреби и ќе им подаде рака кога тоа им е најпотребно“, порача градоначачникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

Заинтересираните можат да добијат повеќе информации и да закажат термин на телефонскиот број +389 75 422 781.

Носители на проектот се Асоцијацијата „Гаспар“ и „Лумен“