Бесплатна помош за стари и изнемоштени лица во општините Кисела Вода, Шуто Оризари и Карпош

Социјалното претпријатие „Нега плус" нуди бесплатна помош на стари и изнемоштени лица, со поддршка од кацеларијата на УСАИД во државава, а во рамки на проектот Civic Engagement Project-North Macedonia, соопшти денеска Општина Кисела Вода.

Бесплатната помош, за подготовка на храна, пазарење помош при одржување на основна хигиена во домот, помош при пресоблекување, како и при бањање, можат да ја користат стари и изменоштени лица кои живеаат во општините Кисела Вода, Шуто Оризари и Карпош.

Сите заинтересирани лица помошта можат да ја побараат со јавување на тимот на „Нега плус", на телефонскиот број 070 299 026.