Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром

Општина Аеродром се грижи за најмладите и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжува со различни економски и финансиски мерки да ги поддржува семејствата кои се најпогодени од финансиската криза.

На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираш дека Оваа мерка е уште една во низата политики за помош на семејствата.

- Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми.“, нагласи Муцунски.