Бесплатен влез за сите натпревари на „Трофеј Македонија“

Од четврток до сабота во Скопје ќе се одржи Меѓународниот кошаркарски турнир „Трофеј Македонија“. Во македонската престолнина ќе гостуваат селекциите на Португалија, Холандија и на Босна и Херцеговина против кои ќе се надигруваат избраниците на Јорданчо Давитков со желба што повеќе да се воигра националниот состав кому му претстојат претквалификациите за Светското првенство 2019.

– Во интерес да „VIP Арената“ при спортскиот центар „Борис Трајковски“ биде што повеќе полна, Македонската кошаркарска федерација одлучи да ги отвори вратите за сите натпревари. Поддршката од трибините е секогаш добредојдена, соопштија од МКФ

Распоред на натпревари:
20 јули (четврток)
18:00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20:30 часот Македонија – Португалија

21 јули (петок)
18:00 часот Португалија – Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија – Македонија

22 јули (сабота)
18:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија – Португалија

Неколку дена по завршување на турнирот македонските репрезентативци ќе заминат за Бугарија на уште еден пријателски натпревар (28 јули), последен во рамки на подготвителниот период пред почетокот на претквалификациите за СП 2019.