
Археолошкиот Музеј на Македонија денеска во Фејсбук објава ги потсетуваат посетителите дека секоја прва сабота во месецот, влезот за посетители на музејот е бесплатен.
„Потсетување за нашите посетители! Секоја прва сабота во месецот влезот во Националниот археолошки музеј е бесплатен за сите посетители“, се вели во објавата.
Од таму порачаа дека ги очекуваат посетителите утре за да уживаат заедно во богатото културно наследство.