
Општина Ѓорче Петров и оваа година ќе ги поддржи првачињата со пакет мерки за полесен почеток на новата учебна година.
Секое прваче ќе добие бесплатен училишен ранец со прибор, финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, како и бесплатна училишна ужинка.
Од Општината велат дека целта е на сите деца да им се обезбедат еднакви услови за успешен почеток на образованието.
„Првиот училишен ден е почеток на едно големо патување исполнето со нови знаења, пријателства и соништа. Затоа и оваа година Општина Ѓорче Петров е тука да им го олесни тој прв чекор на нашите најмлади. Веруваме дека секое дете заслужува еднаков почеток и безгрижно да зачекори во училишните клупи. Инвестираме во образованието денес, затоа што градиме подобра иднина за утре“, порачува градоначалникот Александар Стојкоски.