Бесплатен превоз со ЈСП на „Бела ноќ“

Користењето на јавниот превоз во Скопје и годинава ќе биде бесплатен по повод манифестацијата „Бела ноќ“.

Бесплатниот превоз ќе важи за користење на сите линии, во период од 18 часот во сабота (5.10.2019 година), до 4 часот во недела (6.10.2019 година), информираат од ЈСП.

Со концерти, изложби, музика, кино и театарски претстави ќе се одржи уште едно издание на „Бела ноќ“ во Скопје. Поради јубилејната 15-та година на фестивалот, „Бела ноќ“ во сабота ќе се одвива на 15 локации.